Популарниот откривач OnLeaks објави рендери од претстојниот смартфон на Sony, Xperia XZ4 кој се очекува на Мобилниот конгрес во Барселона, во февруари следната година.
Еден од попознатите откривачи OnLeaks изнесе информации за новиот паметен телефон на Sony, Xperia XZ4. Конкретно, во соработка со MySmartPrice донесе CAD рендери од новиот уред, кои откриваат дека Sony и натаму одбива да ги следи новите тренодви, односно самиот телефон нема закривен екран, ниту notch. Но, Xperia XZ4 прв пат кај уредите на Sony донесува тројна задна камера.
Самиот екран би требало да биде во 18:9 формат и нешто поголем (6,5-инчи), а тука е и USB-C приклучокот и сензорот за отпечатоци од прсти сместен бочно како во некои постари паметни телефони на Sony. На уредот недостасува 3,5-милиметарскиот влез за слушалки, а димензиите на телефонот наводно изнесуваат 166,9 x 72,4 x 8,2 милиметри.