Samsung Galaxy S10+ е забележан од AnTuTu, според кој овој тестен примерок е помоќен од моментно најдобриот смартфон на Huawe – Mate 20 Pro.
Познатиот бенчмарк сајт – AnTuTu додаде во својата база на податоци уште еден паметен телефон – Samsung Galaxy S10+. Иако станува збор за уште тестен примерок, Galaxy S10+ се покажа побрз од финалниот Mate 20 Pro.
Имено, претстојниот модел на Samsung со кодно име SM-G975F, straneпо спроведените тестови доби високи 325.076 бодови. Тоа се 18.017 бодови повеќе во однос на Mate 20 Pro, кој во истите тестови освои 307.059 поени.
Треба да се напомене дека Galaxy S10+ наведениот резултат го оствари со 6 GB RAM, односно со 2 GB помалку во однос на Mate 20 Pro (8 GB). Galaxy S10+ ќе се заснова на новиот процесор на Samsung, Exynos 9820 и ќе поседува 6,4-инчен екран со резолуција 2.280 х 1080 пиксели.
Поврзани артикли