Хотелскиот комплекс Ayana Resort & Spa на Бали забрани користење на паметни телефони, дигитални апарати и компјутери на базенот од 9 до 17 часот.
Живееме во време кога се што правиме мора веднаш да се сподели на социјалните мрежи – ноќното излегување, вечера, одење во кино или на излет како да не се случиле, ако не се проследени со некое селфи, објава на Facebook или Instagram. Слична е работата и со патувањата и некои истражување дури и покажаа дека дел од луѓето како дестинации избираат места кои се најпопуларни на Instagram, а се за да добијат што е можно повеќе лајкови.
Поради таквата опседнатост со фотографирањето, како и фактот дека луѓето мораат веднаш, од лице место да ги објават тие фотографии, да напишат некој коментар и многу ознаки, често се заборава на одморот, уживањето и препуштањето на моментот, бидејќи по објавата следи константното проверување кој ги лајкувал, кој коментирал, одговарање на коментарите и слично.
На оваа пракса, хотелскиот комплекс Ayana Resort & Spa на Бали одлучи да стави крај, забранувајќи на базенот од 9 до 17 часот, користење на електронски уреди како паметни телефони, таблет уреди, преносни компјутери, па дури и дигитални камери. Ако луѓето сами не сакаат да се одморат и опуштат, туку покрај базенот сакаат да сурфаат, снимаат и испраќаат селфи фотографии и да го трошат времето со мобилните уреди во рака, тогаш на тоа ќе ги присилат хотелските правила.
Овој хотел ја покрена кампањата “In the moment”, чија цел е да ги потсети луѓето “кои сме” и да укаже на важноста на меѓучовечката комуникација, но и на времето кое ни е потребно за себе, без мобилни телефони, социјални медиуми и мејлови. Хотелот постави и посебни сигурносни ормарчиња, во кои можат да се заклучат уредите, а на гостите им се на располагање и офлајн игри – шах, карти, судоку и други.
Што мислите за забраната со која хотелот на некој начин сака да ги присили луѓето да се одморат од уредите, од кои станале зависни – дали би се согласиле да го поминете денот на базен офлајн или сепак не можете без смартфонот?
Поврзани артикли