Истражувањето кое го спроведе британски Ofcom, покажува дека корисниците преферираат мобилни уреди наспроти традиционални компјутери и лаптопи, кога станува збор за прелистување веб-страници на интернет.
Не помалку од 48 проценти на корисниците го користат смартфонот кога пребаруваат на веб и за конекција на Интернет, додека само девет проценти од корисниците употребуваат десктоп компјутери. Лаптоп компјутерите се на второ место со 24 проценти, а следуваат таблет уредите со 15 проценти.
Ова не претставува изненадување доколку знаеме дека PC пазарот веќе со години бележи пад, а само во текот на 2018. година забележа пад од два процента. Во текот на 2013. година, за пристап на интернет десктоп компјутерите се користеа од 28 проценти корисници, а вкупното учество на десктоп и лаптоп уредите пред пет години изнесуваше 74 проценти.
Интересно е дека 78 проценти од испитаниците одговориле дека поседуваат смартфон постојано поврзан на интернет, додека 14 проценти од нив сметаат дека интернетот е премногу скап.