Едно ново истражување покажало дека екстремните жештини подеднакво се зголемуваат и во текот на летото и зимата низ САД и Канада, додека пак екстремните студови се намалуваат и на лето и на зима, пишува Science Daily.
Новата студија објавена во “Journal of Geophysical Research: Atmospheres“, издание на Американската геофизичка унија, ги испитува апсолутните екстремни температури – високите температури во лето и ниските температури во зима – но, исто така ги разгледува и релативните екстремни температурни настани – невообичаено студените температури и невообичаено топлите температури во текот на целата година.
Новата студија исто така покажува дека релативните и апсолутните екстремни жештини од 1980 постојано се зголемуваат во САД и Канада. Овој тренд на пораст е најголем во јужниот дел на САД, особено во Озаркс и во јужна Аризона, како и во северниот дел на Квебек. Тоа значи дека има повеќе екстремно топли денови во текот на летото, како и повеќе денови кои се сметаат за екстремно топли за време на годината, како и невообичаено топли денови во зима.
Новото истражување исто така покажува дека релативните и апсолутните екстремни студови се намалуваат, особено во Алјаска и Северна Канада, заедно со делови долж атлантскиот брег на САД. Во овие области има помалку случаи на температури кои се крајно ладни или во споредба со нормалниот опсег, како во зима, така и во годината, како невообичаено ладни денови во летото.