Интернет страницата Slashleaks донесува фотографија на која се наоѓаат Pixel 3 и наводниот Pixel 3 Lite, кој би требало да пристигне на пазарот дсо 5,56-инчен екран и Snapdragon 670 чип.
Веќе некое време присутни се гласини дека Google подготвува Lite верзија на својот Pixel 3 паметен телефон со нешто послаби функции и помала цена.
Нова потврда за постоењето на Pixel 3 Lite моделот пристигнува од веб-страницата Slashleaks, каде се појави фотографија која ги прикажува Pixel 3 и наводниот Pixel 3 Lite еден до друг.
Lite моделот се наоѓа од левата страна на фотографијата и е нешто повисок во однос на Pixel 3, поради 5,56-инчниот екран во 18,5:9 формат (Pixel 3 има 5,5-инчен дисплеј во 18:9 формат).
Промената е видлива и во чипсетот, бидејќи Lite моделот би требало да го користи Qualcomm Snapdragon 670 чипот, 4 GB RAM, 32 или 64 GB интерна меморија и батерија со капацитет од 2915 mAh.
Што се однесува до фотографските компоненти, Lite би требало да ја задржи 12-мегапикселната задна камера од оригиналниот Pixel 3 модел, додека од предната страна се очекува 8-мегапикселна селфи камера. Lite моделот ќе има 3,5-милиметарски влез за слушалки и секако најновата верзија на оперативниот систем, Android 9 Pie.