Работниците во логистичките центри на Amazon во Германија и Шпанија штрајкуваа, напуштајќи ги работните места за време на ,,црниот петок”. Од Amazon во Германија соопштија дека околу 620 работници учествувале во протестите во нивните објекти во Бед Херсфелд и Рајнберг, но дека повеќето работници останале на своите работни места, со што немало никакво влијание врз нарачките на купувачите.
Германскиот синдикат Верди во секторот услуги ги повика работниците на Amazon да штрајкуваат 24 часа барајќи подобри плати и договори за работа со кои се гарантираат добри работни услови.
Amazon Германија соопшти дека на вработените во компанијата им нуди конкурентски плати и бенефиции уште од првиот ден на вработувањето. Вработените во Amazon во Германија заработуваат почетна плата од 10,78 евра на час, а по две години во просек земаат месечна плата од 2,4 илјади евра.
И работниците во најголемото складиште на Amazon во Шпанија ги напуштија работните места, а штрајкот ќе продолжи и понатаму. Синдикатите соопштија дека во штрајкот учествуваат меѓу 85 и 90 отсто од вработените.
Поврзани артикли