На многу корисници на YouTube им пречат рекламите кои се појавуваат на почетокот и во текот на видеата, а популарниот видеосервис сега воведува промени.
YouTube сега има решение на проблемот со рекламите и најавено е експериментално прикажување на две pre-roll реклами на почетокот на видеото, кое ќе биде можно да се “прескокнат”. Тоа значи дека рекламите поретко ќе се прикажуваат во текот на гледањето на видеата, а YouTube проценува дека ќе има до 40 проценти помалку прекини поради реклами, во текот на гледање на едно видео.
Тоа можеи не звучни многу, но од YouTube, сепак, пристигна реакција по истражувањето, кое покажа дека корисниците се “прилично чувствителни” на зачестеноста на паузирање, посебно во случај кога гледаат подолги клипови.
Промените за десктоп верзијата ќе бидат воведени оваа година, а потоа следува мобилната и верзија и TV верзијата. Исто така, овие промени се чинат и како добра вест и за огласувачите, бидејќи SоуТубе објави зголемување на reach-от за 8-11 проценти во текот на првите тестови.