Паметниот екран на LG кој компанијата го претстави за време на годинaшниот CES е веќе достапен во САД, а наскоро ќе биде и во останатите региони.
Моделот има 8-инчен екран на допир и е базиран на платформата Android Things, поради што работи со Google Maps, Photos, YouTube, но и со Google Assistant.
Името на моделот е „XBOOM AI ThinQ WK9“, а LG ја додаде и својата Meridian Audio технологија во комбинација со dual-channel звучници со вкупна моќ од 20W. Паметниот дисплеј има Wi-Fi и можност за Bluetooth поврзување.
Цената на уредот е 300 долари и е доста повисока во однос на пример со Lenovo Smart Display, кој исто така е со 8-инчен екран и чини 200 долари. Уште поевтин е Google Home Hub, кој е со цена од 150 долари.
Корисниците во САД, сепак, ќе можат да ги искористат предностите на сериозното намалување, како за време на „Црниот петок“, кога моделот ќе чини 200 долари.
Поврзани артикли