Повеќе од половина милион корисници на уредите со оперативниот систем Android преземале малвер скриен во игри, кои претставуваат симулации на возење.
Безбедносниот експерт на компанијата ESET, Лукас Стефанко, откри 13 малициозни апликации во продавницата за апликации на Google, Play Store.
Се работи за апликации кои се претставуваат како игри, а всушност се работи за апликации кои на уредите на корисникот инсталираат малвер. До отритието на Стефанко, игрите биле инсталирани на разните уреди околу 580.000 пати.
Не насетувајќи ништо, корисниците ги инсталирале малвер апликациите замаскирани во разни игри на возење, кои се исклучувале веднаш по стартувањето, а на телефонот уште тогаш бил инсталиран малвер, кој има речиси целосен пристап до мрежниот сообраќај на инфицираниот уред.
Сите инфицирани апликации имаат еден потпишан програмер, Луиз О’Пинто, додека зад доменот кој шири малвер, се крие турскиот програмер Мерт Озек. По дојавата на Стефанко, Google ги отстрани сите 13 маициозни апликации од App Store.