Основачот и директор на компанијата SpaceX, Елон Маск одлучи да го промени името на своето патничко летало Big Falcon Rocket (BFR).
Засега не е познато кога SpaceX ќе ја лансира првата мисија на Марс и кога првиот астронаут би зачекорил на црвената површина, но Маск одлучи да ја преименува ракетата од Big Falcon Rocket (BFR) во Starship.
Во септември, Маск објави дека јапонскиот милијардер Јусаку Маецава е првиот патник кој ќе патува во мисијата планирана за 2023 година. Дотогаш вселенскиот брод треба да биде изграден.
Ова е четврто име, првин започна како Mars Colonial Transporter (MCT), па стана Interplanetary Transport System (ITS), па потоа го доби името BFR. Маск на Twitter објави дека вселенскиот брод е редизајниран, а новата верзија е „возбудлива“.