Студија на истражувачката компанија „Juniper Research“ го открива размерот на измами при онлајн плаќањата и се ангажира со прогноза за големината на загубите во наредните неколку години.
Измамата во онлајн плаќањата за стоки и услуги се очекува да достигне 22 милијарди долари на глобално ниво оваа година. Во следните пет години овие загуби ќе се зголемат повеќе од двојно, откако за 2023 година аналитичарите предвидуваат онлајн измами во вредност од 48 милијарди долари.
Критично важен фактор за зголемување на загубите од измамите при онлајн плаќања е недоволно високото ниво на заштита на личните податоци, што го прави можно нивното крадење, се наведува во извештајот базиран на анализа на различни аспекти на проблемот и на ризикот.
Според експертите на „Juniper Research“, криминалците често ги користат т.н. „синтетички идентификатори“ добиени со додавање на фиктивни податоци на делумно сигурни информации, добиени преку слабостите во безбедносните системи.
Поврзани артикли