Големи делови од Кинескиот ѕид не се во добра состојба и бараат посебно внимание, реконструкција и чување, но до нив е тешко да се дојде. Поради тоа, во мисија на спасување тргнаа дроновите.
Кина почна активности за спасување, односно реконструкција и заштита на Кинескиот ѕид, а при тоа ја користи технологијата на 21. век, за да го зачува од забот на времето и природните влијанија. Сепак, до некои делови е тешко да се дојде, бидејќи структурата е нарушена, а тука на сцена стапуваат дроновите кои ги пронаоѓаат оштетувањата и го скенираат ѕидот, според што може да се направи план за реставрација.
Некои делови од кинескиот ѕид се навистина опасни, а дроновите собираат прецизни податоци важни за реконструкција. За транспортот на материјалите се користат магариња, додека работниците мораат пешки да се искачуваат на планините. Архитекот Жао Пенг истакна дека тие буквално ја спасуваат историјата.
Додаде дека се работи за комплексна структура и дека се е потребно да се проучи. Ризикот за нарушување на деловите кои се во лоша состојба, претставува дури и дождот.
Работниците се надеваат дека со изградба на потпори можат да го заштитат Кинескиот ѕид на кој негативно влијаеле војните, кражбата на камења и староста. Се верува дека токму благодарение на дроновите, ѕидот ќе биде сочуван за генерациите кои доаѓаат
Поврзани артикли