Корисниците веќе можат да купат или изнајмат дигитални филови по пат на Google Play Movies & TV услугата, кои се појавуваат и на YouTube доколку користите иста сметка, а сега видеосервисот почна да додава бесплатни филмови.
Бесплатните филмови содржат реклами кои се потребни за да се финансира услугата. Корисниците не треба да ги очекуваат најновите холивудски филмови, но на YouTube ќе може да се пронајдат филмови како што се “Rocky”, The Terminator” и “Legally Blonde”.
Се чини дека оваа услуга засега е достапна само во САД, но се очекува дека ќе биде проширена. YouTube Premium претплатниците ќе добијат пристап до филмовите без пауза за реклами.