Amazon еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во светот, објави Си-ен-би-си.
Тој одговарал на прашања за иднината на компанијата на неодамна одржан состанок со вработените.
„Всушност, јас предвидувам дека Amazon еден ден ќе пропадне. Amazon ќе банкротира. Ако ги погледнете големите компании, нивниот животен век обично трае околу 30 дена, не 100 или повеќе години“, рекол тој.
Безос, сепак, ги утешил вработените велејќи им дека компанијата има задача да ја одложи таквата судбина што е можно подолго.
„Ако се фокусираме на себе наместо на нашите клиенти, тоа ќе биде почеток на крајот. Мораме да се обидеме да го одложиме тој ден што е можно подолго“, рекол тој.
И покрај неверојатниот успех на Amazon, вработените се загрижени дека приходот нагло пораснал, но загрижени се и од анимозитетот на американскиот претседател, Доналд Трамп.