Потрошувачкуте со нетрпение го чекаат Црниот петок (Black Friday) и големите попусти, но во текот на следните денови потребно е посебно внимание, бидејќи за шопинг лудилото се подготвени и хакерите.
Веројатно веќе сте ги забележиле бројните реклами за Black Friday, кои овие денови не следат на бројните страници на кои сурфаме. Времето на најголеми попусти и најдобри понуди повеќе не е резервирано само за еден ден, туку некои трговски ланси го развлекоа на цела недела, па и подолго, само за да привлечат што повеќе купувачи.
Но, Црниот петок не ги привлекува само купувачите кои сакаат да купат производи по што е можно подостапна цена, туку деновите на големи попусти во ноември, со нетрпение ги чекаат и хакерите и сајбер криминалците, кои имаат намера да го искористат шопинг лудилото за бројни измами , со кои сакаат да се дограбат до личните информации и податоци за банкарските сметки на корисниците, да инсталираат малвер на компјутерите и слично.
Според извештајот на компанијата за сајбер безбедност RiskIQ, Black Friday е “гозба за хакерите” кои во своите измами, лажни мобилни апликации и на измамничките страници често ги користат имињата на познатите брендови и трговски синџири. Од оваа компанија предупредуваат дека, наместо големите заштеди, шопингувањето за време на попустите “лесно може да се претвори во финансиски кошмар”.
Она на што посебно предупредуваат од RiskIQ и што оваа година претставува исклучително голема закана е се поголемиот број напади, поврзани со тн. Megacart хакерските групи, чија специјалност се кражбите на податоци за банкарските картички, а меѓу нивноте жртви се наоѓаат и компаниите како British Airways и Ticketmaster.
Значи, ако имате намера да купите нешто преку интернет за време на шопинг лудилото кое следува во текот на следните недели – освен за Black Friday, милиони ќе се потрошат и на божиќниот шопинг – добро проверете на кои страници купувате и на кои линкови кликнувате, бидејќи само еден погрешен клик и внесување на банкарските податоци на погрешно место би можеле многу скапо да ве чинат.