Рускиот блог Rozetked објави фотографии кои наводно го откриваат изгледот на претстојниот евтин смартфон на Google – Pixel 3 Lite.
Според информациите на споменатиот блог, Pixel 3 Lite има 5,56-инчен IPS екран со резолуција 2.220 x 1.080 пиксели, пластично куќиште и Snapdragon 670 процесор.
Постоечкиот Pixel 3 има 5,5-инчен OLED екран кој според квалитетот е блиску до екраните кои ги користат Samsung Galaxy S9 и iPhone XS.
На фотографиите се гледа и дека смартфонот има една задна камера, блиц и влез за слушалки.