Претходно во текот на неделата, главниот извршен директор на Netflix, Рид Хестингс изјави за Bloomberg дека компанијата планира да тестира поевтина верзија на стриминг услугата.
Сега сме сведоци на првиот таков тест, објави Engadget. Во Малезија, компанијата нуди план само со пристап преку мобилен уред кој има месечна претплата од околу 4 долари. Како што се подразбира, ограничувањето се состои во тоа што корисниците можат да ја гледаат содржината само на телефон или таблет и тоа во SD резолуција.
Портпаролот на Netflix потврди за TechCrunch дека компанијата нуди слична опција во неколку други земји.
Поврзани артикли