Замислете свет во кој на крстосниците нема да има метеж и чекање на црвено светло и единствената причина за да запрете ќе биде кога ќе пристигнете на саканата дестинација. Ford тестира нова технологија која ќе помогне да се реализира ваквата иднина. Идејата за технологијата доаѓа од начинот на кој луѓето маневрираат низ сообраќајот на крстосници – забавување или забрзување за да не дојде до судир или застој.
Новата технологија на Ford е наречена IMP, односно Intersection Priority Management систем на управување на првенство при поминување нараскрсница, кој би го регулирал протокот на возила со оптимално темпо.Статистиката вели дека возачите годишно трошат два дена чекајќи насемафор. Ford смета дека нивната технологија тоа може да го исправи.
Системот се базира на комуникација меѓу возилата, и така го координира нивното движење. На пример, ако наидуваат две возила на иста раскрсница, системот калкулира кое возило ќе помине прво и ја одредува оптималната брзина за поминување низ истата, без да дојде до судар со другото возило.
И од самата демонстрација во видеото се гледа дека во пракса овој систем прави возачот да се чувствува беспомошен, барем на почетокот. Во Ford, се разбира, не мислат така. Нивниот систем работи на истиот принцип на кој се движиме како пешаци кога си го пресекуваме патот и се разминуваме, а со оглед дека 60% од сообраќајките се случуваат на раскрсници, со ова дополнително би се зголемила безбедноста. Покрај тоа, од Ford нагласуваат дека овој систем штеди време, но и пари, бидејќи влијае на потрошувачката на гориво, односно ја намалува. А со тоа ќе се намали и штетното дејство врз природата.
Оваа програма на Ford чини околу 23 милиони евра. Во текот на тестовите кои ќе траат две години ќе бидат претставени повеќе елементи на новиот систем како што се Intersection Collision Warning, односно програма која предупредува на потенцијални судири како што се приближувате до крстосница и Green Light Optimal Speed Advisory (GLOSA), која им помага на автомобилите да ја синхронизираат брзината со сообраќајот за да не мора да застанат на црвено светло.
Поврзани артикли