Последната нова опција која ја донесува популарната навигациска апликација Google Maps во Соединетите Американски Држави е можноста за приказ на локацијата на полициските радари

Засега оваа функција е достапна само во САД и само на одреден круг на корисници, што укажува на тоа дека и Google моментално ја тестира реалната, но и законски пропишана употребливост на наведената опција.

Оваа опција во Google Maps се очекуваше уште во 2013 година, кога американскиот ИТ гигант ја купи компанијата Waze. И покрај тврдењата дека Google ќе ја следи работата на полициските радари, всушност станува збор за нешто сосема нешто сосема обратно.

Имено, оваа платформа ќе се потпира на тоа корисниците сами да прават „дојава“ до другите корисници за тоа каде се има мерач на брзината. Во рамките на апликацијата поставено е специјално копче кое, кога ќе го кликнете, ја означувате вашата моментална локација и на тој начин ги известувате другите корисници за поставеност на радар на тоа место.

Google Maps направи голем напредок во текот на изминатите неколку години. Од бесплатна апликација за приказ на мапа, се стигна до можност за прикажување на сообраќајот во реално време, предупредување за застој, па дури и наоѓање бесплатни места за паркирање.