Компанијата Sharp претстави нов смартфон кој на предната страна има два засека.

Sharp минатата година го претстави Aquos R Compact, смартфон со мал “notch” за предната камера на горната рамка од екранот и хомогена рамка на долниот дел, каде што беше сместен сензорот за отпечатоци од прсти. Телефонот не изгледаше посебно убаво, но ова беше иновативно решение за зголемување на големината на екранот и за задржување на сензорот. Сега на пазарот се појави моделот Aquos R2 Compact кој има два исечока.

Смартфонот поседува 5,2-инчен IGZO LCD екран со резолуција 2.280 x 1.080 пиксели и сензор за отпечатоци од прсти. Тој не се шири до самото дно, како што е случај со преостанатите три рамки, но е евидентен напредок во однос на претходникот, кога станува збор за дизајнот.

Земајќи ја во предвид неговата големина, ова е еден од најмоќните смартфони на пазарот. Поседува Snapdragon 845 процесор, 4 GB RAM, камера од 22,5 мегапиксели и батерија од 2.500 mAh, а го користи оперативниот систем Android 9 Pie.