Човек со име Рахел Мохамад, кој живее во државата Вашингтон му се обрати на Apple преку Twitter, соопштувајќи му дека неговиот iPhone X експлодирал, додека го апдејтувал уредот на iOS 12.1. Според Мохамад, неговиот телефон бил во процес на ажурирање на новата верзија на iOS, кога го приклучил уредот во штекер.
Мохамад објави дека “темно сив чад почнал да излегува од телефонот. Ажурирањето било завршено и штом телефонот се вклучил, почнал да чади и се запалил”. Спомена дека го користел официјалниот Apple Lightning кабел и адаптерот за штекер, кој стигнал во кутијата со неговиот iPhone X и дека престанал да го полни телефонот непосредно пред експлозијата.
По објавувањето на твитот, Apple го контактирал Мохамад преку официјалниот Apple Support Twitter профил (@AppleSupport). Компанијата одговорила дека експлозијата не е “очекувано однесување” и рече дека со него ќе го реши проблемот по пат на директни пораки.