Јапонскиот министер за сајбер безбедност, Јошитака Сакурада, го привлече вниманието на тамошната јавност откако изјави дека никогаш не користел компјутер и покажа дека нема поим што е USB.
Сакурада, кој исто така е задолжен и за Олимписките игри во Токио во 2020. година, одговарал на прашања на независни и опозициски пратеници, објави агенцијата АП.
„Му давам инструкции на мојот советник и така воопшто не седнувам пред компјутер“, рекол министерот и додал дека е уверен оти нивната работа е беспрекорна.
Кога бил запрашан за мрежи и софтвери чија цел е оштетување на компјутерите, Сакурада рекол дека USB никогаш не се користи во такви случаи, со што покажал дека всушност не знае што е тоа, наведува агенцијата.
Јапонските пратеници во неверување се смееле на неговите одговори, кои потоа биле пренесени и од јапонските медиуми.
Министрите во Јапонија однапред ги добиваат прашањата поставени од пратениците во парламентот.
Поврзани артикли