Едни од најголемите компании во мобилната индустрија, Samsung и Qualcomm, кои исто така се партнери во развојот на новата генерација процесори за паметни телефони, ќе ја продолжат соработката и во 2019 година, кога ќе почнат да испорачуваат сензори за отпечаток вграден на дисплеите.
Овие компоненти ќе бидат користени во следната генерација смартфони од средната класа и брендот Galaxy, информира Digitimes.
Така Samsung ќе им овозможат на повеќе корисници да ги искористат можностите на биометриската технологија, која допрва ќе се користи во уредите со Android.
Извори од мобилната индустрија тврдат дека Samsung веќе добил нарачки за ултразвучни сензори за отпечаток, а испораките ќе почнат кон крајот на годината и ќе се зголемат значително во почетокот на 2019. година. Samsung ќе ги користи и во премиум моделите, вклучувајќи го и Galaxy S10.
Одлуката на корејскиот гигант за масовно користење сензори за отпечаток вградени во екранот, најверојатно значи дека Samsung ќе престане да ги употребуваат скенерите за ирисот на очите.
Qualcomm ќе биде партнер и со водечките производители на TFT дисплеи, за да се забрза промоција на технологијата на пазарот. Компанијата исто така ќе го користи својот центар за вештачки интелект во Тајван, заедно со фабриката за ултразвучни сензори во Калифорнија, за да ја намали производната цена на новата генерација сензори.
Поврзани артикли