Познатиот аналитичар Ming-Chi Kuo се враќа со нова прогноза што се однесува до компанијата од Купертино.
Се чини дека Apple многу ја прецени побарувачката за својот iPhone XR модел, што резултирапе со веќе две ревизии на планирената количина произведени примероци на овој модел на iPhone.
Куо предвидува дека во текот на првите 12 месеци продажба ќе бидат испорачани вкупно 70 милиони примероци на iPhone XR. Тоа е за дури 30 милиони примероци помалку во однос на неговото претходно предвидување од 100 милиони примероци.
Има неколку причини поради кои Kuo ги намали своите предвидувања, а тоа се потенцијално превисоката цена, неимпресивниот дизајн со оглед на цената, а во споредба со поскапите XS модели, како и острата конкуренцијата од таборот на Android.