Компанијата Microsoft ги реши проблемите со баговите, па нејзиниот Windows 10 October 2018 Update повторно им е достапен на корисниците, откако беше повлечен минатиот месец.
Бројните корисници на Windows 10 пријавија дека им недостасуваат некои фајлови, откако го инсталираа апдејтот на почетокот на октомври, а на Microsoft му беше потребно нешто повеќе од еден месец да го реши проблемот со баговите и во целост да го истестира и повторно да го понуди апдејтот за преземање.
Resuming the rollout of the Windows 10 October 2018 Update – https://t.co/ElDd4ydNOI
— Michael Niehaus (@mniehaus) November 13, 2018
“Освен деталната интерна промнеа, со внимание ги следевме повратните информации на нашите Windows инсајдери и милионите уреди кои го користат Windows 10 october Update. Востановивме дека повеќе нема докази за губиток на податоци”, изјави еден од директорите на Microsoft, Џон Кебл.
Windows 10 October 2018 Update им е сега достапен на корисниците преку Windows Update.
Microsoft и порано имаше проблеми со надградбите на Windows 10, кога се појавуваше “синиот екран на смртта”, а потоа мораше да биде решен проблемот на “замрзнување” на десктопот и Chrome, кога апдејтот веќе бил инсталиран на повеќе од 600 милиони уреди.