Компанијата Volkswagen го интегрираше гласовниот асистент на Apple, Siri во својата Car-Net апликација и на тој начин им овозможи на сопствениците на автомобили своите возила да ги отклучуваат и заклучуваат со гласовни наредби.
Оваа можност можат да ја користат сите оние кои ги поседуваат уредите на Apple со оперативниот систем iOS 12, на кои е инсталирана апликацијата Car-net. Доволно е да кажете “Hey Siri, unlock my car” (Еј Siri, отклучи го мојот автомобил) и возилото ќе се отклучи.
Освен тоа, постои и можност за проверка на дометот, врз основа на горивото во резервоарот, односно состојбата на батеријата на возилото. Исто така, со гласовни команди може да се вклучи алармот, да се прилагоди температурата, да се одмрзне ветробранското стакло и да се открие каде се наоѓа паркираното возило.
За овие можности на територијата на САД, потребно е да се плати 17,99 долари месечно, односно 199 долари годишно.
Volkswagen минатата година ја најави интеграцијата на асистенот на Amazon, Alexa.
Поврзани артикли