Неодамна, Apple конечно ги претстави MacMini и MacBook Air, донесувајќи ги толку очекуваните и потребни хардверски надградби во двете линии производи. Сега конечно дојдовме и до информациите кои се однесуваат на надградба на машините со посилен или понов хардвер, како и ограничувањата кои ги има Mac Mini 2018.
Со новиот Mac Mini уред, голем број делови пристигнаа фиксирани за матичната плоча, вклучувајќи ги тука и CPU и SSD. На тој начин, по купувањето повеќе нема да можете да ја надградувате машината со понов процесор или простор за складирање.
Сепак, останува можноста за проширување на RAM меморијата, што во еден момент веројатно ќе биде потребно.
Сето ова е откриено при iFixit расклопувањето на компјутерот, што ни даде подобар увид во внатрешноста на овој компјутер. Новиот Mac Mini поддржува до 64 GB RAM, а ова количество, ако го купувате директно од Apple, ќе ве чини мало богатство.