Уште во јуни оваа година, Извршниот директор на компанијата One Plus, Пит Лау изјави дека компанијата веќе преговара со американските провајдери на мобилните компании за воспоставување на 5G мрежа и prviot 5G телефон во 2019. година.
Во меѓувреме, се испостави дека овој уред можеби ќе биде токму OnePlus 7. Сепак, последните вести од OnePlus укажуваат на тоа дека набрзо ќе видиме цела линија 5G смартфони од нивните производни погони. Ова значи и дека OnePlus 7, веројатно нема да биде нивниот 5G уред, туку дека тој и 7T ќе бидат регуларни 4G модели.
Уредите со 5G, освен големите брзини, ќе донесат и целосно нов дизајн и брендинг, а како ќе се викаат овие смартфони, се уште не е познато.
Со оглед на тоа дека OnePlus повеќе не крие дека веќе во првиот квартал на следната година ќе ја објави оваа 5G серија, се очекува дека тоа ќе се случи токму на Мобилниот конгрес во Барселона, кој ќе се одржи од 25 до 28. февруари, 2019. година.