Опцијата „Dark mode” или во превод „Темен режим” го продолжува траењето на батеријата на паметните телефони, пишува Business Insider.
Google во четвртокот, за време на презентацијата на Android Dev Summit, ги откри предностите на батеријата на телефоните, односно оперативните системи и апликации, на кои е вклучена опцијата „Dark mode”.
„Темниот режим” е опција која ја менува бојата на оперативниот систем или апликациите во црна, што наводно е поврзано со подолгото траење на батериите на уредоте, посебно на мобилните уреди.
Google покажа како „Dark mode” може да троши 43 проценти помалку енергија при користењето на апликацијата YouTube, за разлика од нормалниот начин на користење.
Претставниците на компанијата признаа дека направиле грешка во поттикнување на програмерите на апликациите да ја користат белата боја за своите апликации, вклучувајќи ги и сопствените апликации.
Ефектите на темните режими на штедење на батеријата, исто така, се поочигледни на OLED екраните, кои се составен дел од поголемиот дел врвни паметни телефони, кои се користат во последно време.