На почетокот на септември прв пат слушнавме за претстојниот телефон наречен LG Q9, но гласините за овој модел потоа замреа. Сега конечно имаме нови протечени информации, во вид на рендери на предната страна на уредот, што сугерира дека јужнокорејската компанија го подготвува споменатиот телефон.
Фотографијата ни открива преден панел, прикажувајќи засек во екранот (notch), голем и долг дисплеј и вообичаен сет на копчиња од двете страни.
Судејќи според овој рендер, LG Q9 е прилично сличен на LG G7 Fit моделот. Тоа значи дека или LG го подготвува првиот уред од Q серијата со засек, за да го копира G-моделот, или ексклузивитетот на овој протечен рендер во целост е погрешен.
Во секој случај, се сугерира дека LG Q9 би требало да има 6,1-инчен екран со 19:9 однос на странииц и сензор за отпечаток на прст на задната страна. Претходните гласини исто така споменуваа Snapdragon 660 чипсет, 4 GB RAM и 32 GB / 64 GB простор за складирање.
Цената на телефонот се уште не е позната, но Q серијата воглавно ја сочинуваат модели од средната класа, така што се очекува цена под 400 долари.