Компанијата Brydge претстави нови тастатури наменети за новите модели на iPad Pro, кои таблетот на Apple го претвораат во лаптоп со екран осетлив на допир.
Детали за тастатурите нема, но се знае дека на пазарот ќе се појават на почетокот на 2019. година. Компанијата Brydge со оваа работа се занимава веќе долго и нејзините тастатури секогаш изгледале навистина како долниот дел на лаптопот. Сепак, сега дизајнот на iPad Pro е поедноставен и повеќе нема физичко Home копче, а во комбинација со Brydge тастатурата изгледа речиси идентично како MacBook.
Новиот iPad Pro на Apple доаѓа со еден од најмоќните процесори на пазарот и уредот е вистински ѕвер кога се зборува за перформансите.
Цената, исто така, засега не е позната, но тастатурата за претходниот 12,9-инчен iPad Pro чинеше 149,99 долари. Тастатурата на Apple, Folio за истата големина чини 199 долари.