Иако не донесува голем број нови функции, најновиот модел на популарниот електронски читач на Amazon, според првите рецензии, својата работа ја извршува многу добро.
Почнаа да пристигнуваат првите рецензии на новиот дигитален читач на книги од Amazon – Kindle Paperwhite 2018. Судејќи според се, не се работи за уред што би сакале да го купите, ако го имате минатогодишниот модел.
Водоотпорен, поскап и позборлив
Според рецензијата на The Verge, овој уред и натаму е се што би можеле да очекуваме од линијата Kindle, со корисниот додаток на можности за читање на аудиокниги, како и отпорност на вода. Иако на поголемиот дел од купувачите нема да им значи многу, очигледно е дека ова лето ќе видиме многу луѓе кои своите Paperwhite уреди гордо ќе ги носат на плажа или базен.
Што се однесува до уредот, тој е десет долари поскап од минатогодишниот модел и достапен е само преку продавницата на Amazon.
Поврзани артикли