Националната програма за токсикологија (NTP) заклучила дека постојат јасни докази дека машките стаорци кои се изложени на високи нивоа на радиофреквентно зрачење (RFR), како на пример оние што се користат во мобилните телефони на 2G и 3G мрежа, развиле канцерозни тумори на срцето, пишува Science Daily.
Студијата наведува дека постојат и докази за тумори во мозокот и надбубрежната жлезда на изложените машки стаорци. За женските стаорци, како и за машките и женските глувци, има недвосмислени докази за тоа дали забележаните видови на рак се поврзани со изложеност на RFR.
“Изложеноста што се користи во студијата не може да се спореди директно со изложеноста што луѓето ја искусуваат при користење на мобилен телефон“, вели Џон Бушер, научник при NTP. “Во нашите студии, стаорците и глувците биле изложени на радиофреквентно зрачење низ целото тело. Спротивно на тоа, луѓето најчесто се изложени на специфични локални ткива кои близу до местото каде што го држат телефонот. Исто така, нивоата на изложување во нашите студии беа поголеми од она што луѓето го доживуваат“, додава Бушер.
Најниското ниво на изложеност што се користело во студиите е еднакво на максималната локална изложеност на ткиво во моментов дозволена за корисниците на мобилни телефони. Вакво ниво на моќ ретко се случува кај типичната употреба на мобилни телефони. Највисокото ниво на изложеност во студиите било четири пати повисоко од дозволеното максимално ниво на моќност, пишува Science Daily.
“Веруваме дека врската помеѓу радиофреквентното зрачење и туморите кај машките стаорци е реална, а надворешните експерти го потврдија тоа“, рече Бушер.
Студиите на NTP, вредни повеќе од 30 милиони долари, траеја повеќе од 10 години и се најсеопфатна проценка на здравствените ефекти кај животните изложени на RFR, со модулации кои се користат во 2G и 3G мобилните телефони.