Со оглед на тоа што 4K телевизорите стануваат се постандарден избор на корисниците, поради намалувањето на цените, само прашање на време е кога истото ќе се случи и со 8K телевизиските уреди. Поголем број на компании веќе работи на донесување на 8K телевизорите на пазарот, а меѓу нив е и LG. Јужнокорејскиот гигант истакнува дека со комерцијално производство на свои 8K телевизори ќе почне во 2019. година.
LG објави дека 8K UHD OLED телевизорите ќе бидат достапни во текот на првата половина на следната година. Компанијата најверојатно ќе цели на јунска објава, но во текот на овој процес ќе мора да се соочи и со проблемите кои ги имаат и другите производители (Како што е Samsung).
Моментно не постојат премногу содржини кои се поддржани во изворна 8K резолуција. Ќе бидат потребни неколку години за ова да стане стандард. Меѓутоа, тоа би можело да се реши со сегментирање и донесување на скалираната технологија на 8K TV уредите.
Она што не го објави LG во овој момент е потенцијалната цена на 8K телевизорите, но бидејќи технологијата е исклучително скапа, со сигурност може да се каже дека 8K OLED TV моделите ќе пристигнат со цена од неколку илјади долари.
Поврзани артикли