Производителот на мотоцикли „Кертис“ конечно ќе го реализира својот концепт на електричен мотоцикл, кој ќе влезе во масовно производство.
Компанијата најави два нови модели, кои претставуваат комерцијални верзии на нејзиниот прототип „Зевс“, наречени „Кафе“ и „Бобер“. Тие треба да се појават во 2020 година.
Прототип верзијата „Зевс“ беше објавена во мај, но оттогаш дизајнот значително се промени.
Според „Кертис“, двата нови модели имаат „еволуиран“ дизајн и подобрена технологија која испорачува максимална брзина од 450 километри на час и забрзување од нула до сто километри на час за 2,1 секунди, со мотор од 140 коњски сили
Сето ова ќе ги направи мотоциклите најбрзите сериски модели во светот.
Сликите на „Кертис“ се уште изгледаат концептуално, со оглед на нереалното седење или недостигот на огледала. Ова значи дека можеме да очекуваме некои козметички промени пред официјалната премиера.
„Кертис“ неодамна објави уште еден електричен прототип наречен „Хера“.
Поврзани артикли