Дали конечно има доказ дека компјутерите се подобри возачи од луѓето?

Возачот ја презел контролата над автономниот автомобил и предизвикал судар, а симулацијата покажала дека судирот не би се случил во случај возилото да било управувано од страна на компјутерот.

Кој е подобар и побезбеден возач – компјутерите или луѓе? За тимот од Google, односно нивната компанија WAYMO нема сомнение за тоа и тие со години тврдат дека зад воланот подобро се снаоѓаат компјутерите и вештачката интелигенција. Компјутерите се придржуваат кон ограничувањата, одржувањето на безбедно растојание од возилото пред нив, не прават ненадејни и агресивни движења, немаат проблеми со алкохолот и заморот, не брзаат и не преземаат ризични потези.

Автомобилите на WAYMO веќе имаат извозено милиони километри, а според информациите од компанијата објавувани во текот на годините, се чини дека нивните автономни возила предизвикале само една несреќа со мала материјална штета, додека за другите несреќи во кои учествувале нивните возила виновни се возачите во другите возила.

Од WAYMO деновиве објавија информација за уште една сообраќајна несреќа во која учествувал нивен автомобил – овој пат вината за несреќата е навистина на компанијата, но за тоа не е виновен компјутерот, туку возачот кој кога автомобил започнал да влегува во неговата лента на движење, ја презел контролата над возилото , се преместил во десната лента и удрил мотоциклист.

Имено, при избегнување на автомобил кои од левата страна се уфрлувал во лентата на движење, возачот не го забележал мотоциклот зад кој влегувал во десната лента, поради што дошло до судир меѓу нив.

Повредите на мотоциклистот не се познати, а извршниот директор на WAYMO Џон Крафчик се извинил за инцидентот, при што напоменал дека несреќата не би се случила ако возачот не ја презел контролата и компјутерот продолжел со управување. Имено, за разлика од луѓето и возачот кој во тој момент бил фокусиран само на ситуацијата за избегнување на автомобилот пред себе, компјутерот опремен со лидар и сензори следи се што се случува околу него и сигурно би го забележал мотоциклот, а ситуацијата би ја решил на поинаков и побезбеден начин.

Симулацијата која WAYMO ја направил подоцна покажуваат дека компјутерот правилно ја проценил ситуацијата и, наместо да преминеме во друга лента, ќе забавел и дополнително ќе се повлечел во својата лента со што би се избегнал судирот со автомобилот како и со мотоциклот.

По неколкуте фатални несреќи оваа година во кои беа вклучењни возила на Uber и Tesla, довербата на јавноста во автономните возила е разнишана, но големите компании продолжуваат со развој на оваа технологија со цел еден ден компјтерите да го преземат воланот од рацете на луѓето со цел побезбеден сообраќај.

Извор: Додај Гас