Првиот меѓуѕвезден објект некогаш виден во нашиот соларен систем би можел да биде вонземскo соларнo јадро испратено од друга цивилизација во потрага по знаци за живот, се тврди во студијата на Harvard Smithsonian Center for Astrophysics (CfA).
Оумуамуа стигнала во нашиот Сончев систем во октомври 2017 година. НАСА потврди дека набљудувањата на нејзиниот вселенски телескоп Хабл покажале дека објектот има „неочекувано зголемена брзина на движење и поместување на неговиот пат низ внатрешноста на Сончевиот систем“.
Научниците заклучуваат дека астероидот можеби е „електрично јадро од вештачко потекло“ што се напојува од сончевото зрачење.
The rock is the first observed to enter our star system from another
Posted by Daily Record on Сабота, 03 ноември 2018
Истражувањата покажуваат дека ако се земе предвид вештачкото потекло, тогаш постои веројатност Оумуамуа да е електрично јадро што лебди во меѓуѕвездениот простор како резултат на напредна технолошка опрема.
„Можно е Оумуамуа да е активна компонента на вонземска технологија што дошла да го истражува нашиот Сончев систем, на ист начин на кој ние се надеваме да ја истражуваме Алфа Кентаур користејќи Starshot и друг слични технологии“, вели професор Абрахам Леб кој го спроведе истражувањето заедно со Шмуел Бијали.
Друга опција, која би го објаснила целосниот недостаток на комуникација и каков било сигнал е лебдечкото тело да е вонземски вселенски брод.
Поврзани артикли