Милијардерот и филантроп Бил Гејтс го отвори саемот на нови тоалети во Пекинг (Reinvented Toilet).
Основачот на Microsoft на настанот во Пекинг, донесе тегличка со – човечки измет, а тоа беше дел од неговата презентација на саемот „Реинвентид тоалет експо”, каде што ги претстави новите технологии што ќе се користат во тоалетите.
Бившиот директор на технолошкиот гигант Microsoft рече дека технологиите кои ќе бидат претставени на тридневната манифестација ги претставуваат најзначајните развои во санитацијата во период од речиси 200 години.
Повеќе од 20 компании и академски институции ги претставуваат новите технологии во тоалетите, од самостојните тоалети до малите на сопствен погон за обработка на отпадот.
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, од 2011. година, потроши повеќе од 200 милиони долари за поттикнување на истражување и развој на безбедната технологија на санитација.
Уницеф проценува дека годишно 480.000 деца умираат од дијареа, која често е предизвикана од храна или вода контаминирана од канализација.
Поврзани артикли