Едукативна игра за вселената “Спејсополи” Креирана од Деца за Деца – Првонаграден проект на NASA Kids Space Challenge – Skopje, Macedonia
Во организација на Њуменс Бизнис Акцелераторот, а во партнерство со Стопанска банка АД – Скопје, се одржа четвртиот по ред натпревар за деца NASA Kids Space Challenge, дел од интернационалниот натпревар NASA Space Apps Challenge.
На натпреварот земаа учество 40 деца на возраст од 6 до 10 години. Децата се натпреваруваа во тимови од по 3 члена. Преку цртање, боење, моделирање со глина, сечење, лепење и создавање на модели, децата имаа можност да креираат едукативна вселенска игра, да дизајнираат вселенско одело на иднината, да ги планираат идните вселенски патувања и мисиии, како и да размислуваат како би изгледал животот во иднина на Земјата или некоја друга планета.
На почетокот на натпреварот, натпреварувачите беа запознаени и воведени во темата преку краткото предавање на Радан од Скопското астрономско друштво, кој зборуваше за најновите истражувања за вселената и планетата Марс. Следеше презентирање на четирите предизвици од страна на метори од Њуменс Бизнис Акцелераторот на кои децата работеа преку користење на различните техники.
Едукативната вселенска игра Спејсополи, инсприрана од позната игра Монополи, го освои првото место. Никола, Матеј и Војдан, преку интересни прашања и одговори за вселената, со претходно поставени правила и инструкции, креираа игра која на забавен начин ги запознава и едуцира децата за тајните на вселената и ја буди нивната љуботипност. Победниците беа наградени со ваучери Пчелка во редност од 3000 денари за детско штедење во Стопанска Банка АД – Скопје.
Миа, Мелина и Софија, преку техниката моделирање со глина и други материјали го осмислија и презентираа животот на Марс за што го освоија 2-то место. Сите предизвици со кои ќе се соочи човекот кога ќе стапне за прв пат на црвената планета, како, изгледот на живеалиштата, снабдувањето со енергија, растењето на храна, користењето на слободното време, транспортот, беа презентирани преку изработените модели на ракета, живеалишта, системите за наводнување и стаклени градини…
Третопласираните Михаил Б., Михаил А. и Стефан осмислија патување во Вселената, кое започнува со напуштање на земјата, складирање на потребните материјали и одржување во живот на патниците за време на долгите патувања низ вселената.
Целта на настанот беше децата да добијат можност за изразување на својата креативност и од мали нозе да се поттикне нивната љубопитност за истражување на вселената и љубовта кон науката.