Малите работи кои ги правиме секојдневно можат на повеќе начини да влијаат на нашите паметни теелфони и да имаат сериозни последици. Еве неколку едноставни правила до кои треба да се придржувате за да ги избегнете.
Ако не знаете што да правите, немојте со помош на “направи-сам” видеа на YouTube да додавате се и сешто на смартфоните. Многу се поголеми шансите нешто неповратно да оштетите, отколку да добиете нешто навистина забавно или корисно.
Ако го оставите паметниот телефон да биде изложен на сончеви зраци или друг извор на топлина, драматично ги зголемувате шансите уредот да се прегрее. Со тоа ја загрозувате не само батеријата, туку и процесорот и другите осетливи компоненти.
Сигурно и вам, понекогаш, во темница пред спиење, ви се случува кабелот за полнење да го уфрлате “на слепо” во смартфонот. Ако не сте внимателни, лесно може да се случи да ги оштетите електричните контакти и да го скратите животниот век на својот телефон.
Ако хардверот е телото на вашиот уред, софтверот е неговиот мозок и душа. Ако преземате софтвер од непроверени или несигурни извори, немојте да се изненадите кога ќе дојде до несакани последици. Вашиот мобилен може во целост да престане да работи. На пример, вашите лични податоци ќе го најдат патот до хакерите, па потоа до оние кои се подготвени најмногу да платат за нив.
Прашината и другите нечистотии од вашите џебови и торби, порано или подоцна ќе се најдат во вашиот смартфон и ќе почнат да ја попречуваат неговата работа. Ако не знаете како да го исчистите мобилниот одвнатре, во тоа нека ви помогнат експертите.
Кај нас тоа се уште не е честа појава, но податоците велат дека 40 проценти од iPhone уредите украдени во САД им се земени на сопствениците додека разговарале на звучник на улица. Поради тоа, бидете посебно внимателни, а не би било лошо и да инвестирате во слушалки.
Поврзани артикли