Вештачката интелигенција (AI) може да ни помогне подобро да ги разбереме причините за верското насилство, покажува ново истражување од страна на научниците при Универзитетот Оксфорд. Истражувањето е еднo од првите кое што ја користи вештачката интелигенција наспроти машинско учење, пренесува Science Daily.
Според истражувањето објавено во The Journal for Artificial Societies and Social Stimulation, преку комбинирање на компјутерско моделирање и когнитивната психологија, создаден е AI систем, способен да ја имитира човечка религиозност, со што на научниците им овозможува подобро да ги разберат условите, причините и моделите на религиозното насилство.
Студијата е направена околу прашањето дали луѓето се природно насилни, или ако пак факторите како религијата можат да предизвикаат ксенофобични тензии и анксиозност меѓу различни групи, и што може или, пак, не може да доведе до насилство.
Наодите откриваат дека луѓето по природа не се насилни, но дека во широк спектар на контексти, тие се подготвени да го поддржат насилството – особено кога другите одат против клучните верувања кои го дефинираат нивниот идентитет, додава Science Daily.
Иако истражувањето се фокусира на конкретни историски настани, наодите може да се применат за било кoја појава на религиозно насилство и исто така се користат за да се разберат мотивациите што стојат позади него.
Ова особено важи за случаите поврзани со радикалниот ислам, кога патриотскиот идентитет на луѓето е во конфликт со нивните религии, како на пример терористичкиот напад на бостонскиот маратон и лондонските терористички напади. Тимот од науници се надева дека резултатите од студијата може да се искористат како поддршка на владите во решавањето и спречувањето на социјалните конфликти и тероризмот.