Квантната технологија ќе овозможи огромен технолошки напредок во подрачјата како што се компјутерството, симулациите, криптографијата и телекомуникациите.
Квантната технологија целосно ќе го промени светот во кој што живееме. Но, тоа нема да се случи утре или идната година. Се проценува дека квантната технологија „ќе процвета“ за десетина години, а Европската унија сака да биде предводник во примената на оваа технологија за која се верува дека ќе направи вистинска револуција.
Токму поради тоа е развиена “Quantum Technologies Flagship”, милијарда евра вредната иницијатива која во следните 10 години ќе финансира повеќе од 5 илјади истражувачи кои што се занимваат со квантната технологија.
„Европа е одлучна во тоа да биде предводник во развојот на квантната технологија во светот. “Quantum Technologies Flagship” е дел од нашата желба да се консолидираме и да ја прошириме научната страна на Европа. Сакаме да го отклучиме целиот потенцијал на квантната технологија, мораме да развиеме цврста индустриска база преку нашите истражувања“, истакна потпретседателот на европскиот дигитален пазар, Андрус Ансип.
Квантната технологија несомнено ќе овозможи технолошки напредок во подрачја како што се компјутерството, симулациите, криптографијата и телекомуникациите. Граѓаните предностите на квантната технологија ќе може најдобро да ги почувствуваат преку многу прецизните сензори во медицината, квантната комуникација и подобрата безбедност на нивните дигитални податоци.
Извор: Zimo.hr