Иако пред само 5 месеци го претстави OnePlus 6, кинеската компанија OnePlus го објави наследникот OnePlus 6T. Новиот модел носи одредени промени кои на некои корисници ќе им се допаднат, но на некои корисници ќе им пречат.
Новиот модел има екран со резолуција од 1080×2340 пиксели и дијагонала од 6.41 инчи. Екранот е AMOLED, покриен со Corning Gorilla Glass 6. Телефонот го користи процесорот Qualcomm Snapdragon 845 со 8 јадра, изработен во 10-нанометарска технологија со максимална брзина од 2.8GHz. Графичкиот процесор е Adreno 630.
Една од можностите што претходниот модел ја имаше, додека новиот уред ја нема, е губењето на конекторот за слушалки, што на многумина од корисниците нема да им се допадне. Објаснувањето од компанијата е дека тој простор во внатрешноста е употребен за зголемување на капацитетот на батеријата која сега изнесува 3700 mAh и вградување на сензорот за отпечаток од прсти во самиот екран.
Смартфоните на OnePlus стандардно го користат OxygenOS кој се базира на Android 9 Pie. Засега се објавени две бои на телефоните кои корисниците ќе можат да ги купат, а тоа се Mirror Black и Midnight Black.
Продажбата во САД ќе започне на 1. ноември, додека во другите држави тоа ќе се случи на 6. ноември. Во САД цените ќе изнесуваат 549 долари, 579 долари и 629 долари во зависност од капацитетот на меморијата. Цените во Европа секако дека ќе бидат повисоки, односно 549 евра, 579 евра и 629 евра.