Новата опција во понудата на Google наречена Discover feed која технолошкиот гигант ја најави минатиот месец за време на одбележувањето на својата 20-годишнина, постепено почна да пристигнува до корисниците.
Функцијата Discover feed е наменета за корисници на мобилни уреди и нуди повеќе кратенки за пребарување.
Голем број на кратенки се наменети за пристап до неодамнешни вести, но преку нив може да се добие и моменталната временска прогноза, спортски резултати и други вести.
Новата надградба претставува голема промена за најпопуларниот пребарувач во светот, бидејќи Google се повеќе почнува да посветува внимание на нови и актуелни информации.
Тоа значи дека при пребарувањето, Google ќе се обиде да го предвиди терминот што го барате, пред истиот самите да го впишете во прелистувачoт.
Инаку, Google Chrome веќе им нуди на корисниците неколку предложени дестинации за пребарување кои се појавуваат веднаш по отворањето на нов таб.
Опцијата Discover feed ќе може да се користи со пребарувачите Chrome и Safari, како на Android, така и на iOS платформите.
Засега, е достапна само за корисниците во САД, но наскоро ќе биде овозможенa и во други делови на светот.
Поврзани артикли