Новиот iPad Pro доаѓа во две големини  (11 и 12,9 инчи) и е побрз од 92 отсто од PC компјутерите продадени во последната година.

Технолошкиот гигант од Купертино, на презентацијата на нови производи во Њујорк, ги претстави и новите модели на iPad Pro. Досега во светот се продадени 400 милиони iPad таблети, а Apple минатата година продаде повеќе iPad уреди од било кој друг поединечен производител на PC лаптопи.

iPad Pro ги загуби заоблените рабови, па сега доаѓа во куќиште со “flat edge” дизајн, со заоблени агли и тенки рамки околу екранот.

Уредите што доаѓаат со две големини (11 и 12,9 инчи) ќе бидат опремени со новиот Liquid Retina како iPhone XR.

Уредот, кој го покренува A12X Bionic чипот со осум CPU и седум графички јадра е 35 проценти побрз во single core, а 90 процети во multicore работата. Apple тврди дека новиот iPad Pro е побрз во работата од 92 отсто PC компјутери продадени во последната година.

Пристигна и втората генерација на Apple Pencil, кој сега е опремен со магнети, кои овозможуваат моментно поврзување со страната на iPad Pro. За тоа да биде можно, Apple во новиот Pencil врежа тенка лента која го прави можно магнетското поврзување. Уште повеќе, полнењето преку Lightning приклучок е заменето со безжично полнење.

Новиот iPad има од 512 GB до 1 TB интерна меморија и доаѓа со USB-C приклучок, преку кој е можно да се полнат iPhone и другите уреди. Уредот поддржува и репродукција на 5К надворешен екран.

iPad Pro ќе се продава по цени: за верзијата со екран од 11 инчи и 64 GB, почетната цена изнесува 799 долари, додека верзијата со екран од 12,9 инчи и 64 GB меморија ќе чини 999 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=YJ5q8Wrkbdw

https://www.youtube.com/watch?v=LjaKHqDbzSA