Првиот сателит изграден во Емиратите беше лансиран во вселената од јапонскиот вселенски центар „Танегашима“.
Сателитот „Калифасат“ во целост е дизајниран и составен во Обединетите Арапски Емирати.
„Калифасат“ е третиот сателит лансиран од вселенскиот центар „Мохамед бин Рашид “.
Сателитот ќе се користи за правење снимки за разни потреби, вклучувајќи урбнистички планови и менаџмент за ефективно искористување на земјиштето и инфраструктурата.
Снимките со висока резолуција ќе се користат и за детални мапи на одредени области и за надзор на големи инженерски и градежни проекти.
Со овој сателит ќе може да се следат промените во природната средина, локално како и глобално, а со тоа ќе се зачува животната средина.
Првиот сателит на ОАЕ „Дубаисат1“ беше лансиран во вселената во 2009.
Поврзани артикли