Роботите од течен метал, кои ја менуваат бојата и самите можат да ја отстранат штетата како андроидите од филмовите за Terminator, наскоро би можеле да станат реалност.
Истражувачи во Кина развија малечок прототип инспириран од Т-1000 од споменатиот научно-фантастичен серијал. Малиот робот може да се употребува во непристапни средини кои ќе бидат тешка мисија за луѓето.
Прототипот е создаден од тим од Универзитетот за наука и технологија во Кина и Универзитетот во Австралија. Содржи пластично тркало, литиумска батерија и капки галиум, мек сребренкаст метал.
Проектот е започнат пред 6 години кога научниците ги откриле уникатните својства на течните метали како висока електрична спроводливост, управување на површинска напнатост и екстремна флексибилност.
Како можен пример научниците ги истакнуваат нанороботите кои ќе бидат изградени од високо компатибилен материјал со човечкото ткиво и ќе ги доставуваат лековите на потребните места во нашето тело, но и ќе ги уништуваат заболените клетки од рак. Исто така би можеле да се користат во шпионажа.
Се верува дека роботите од течен метал би станале реалност за 10 години.