И покрај фактот дека Facebook и Instagram се најпопуларни меѓу социјалните мрежи, Tinder не заостанува кога станува збор за виртуелно дружење и потрага по партнер.
Сепак, истражувањата покажуваат дека токму Tinder е можеби најопасната социјална мрежа, односно дека листата на нејзините позитивни страни е помала од листата на негативни.
Истражување на организацијата Consumers Research покажало дека Tinder се наоѓа на врвот на листата на апликации на кои луѓето доживеале непријатни искуства. Дури 39 отсто од испитаниците пријавиле дека при употреба на таа социјална мрежа се соочиле со некој вид вознемирување.
Повеќето изјавиле дека откако се запознале со луѓе преку Tinder имале проблеми да се ослободат од оние што изгледале сомнително, неискрено, нападно и деструктивно.
Студијата покажала дека цел на вознемирувања главно се жените, па така 57 отсто од нив имале барем едно непријатно искуство.
Од друга страна, околу 20 проценти од мажите се пожалиле на истиот проблем.