За да дознае повеќе за светот, животното треба да направи многу повеќе отколку само да ја набљудува својата околина, па така тоа треба да научи кои движења, звуци и сентименти се најважни во неговата околина и потоа да следи како деталите поврзани со нив се менуваат со текот на времето, пишува Science Daily. Сепак, останува мистерија како луѓето и другите животни ги следат овие детали и промените поврзани со нив.
Сега, биолозите при Универзитетот Стенфорд, објавиле ново истражување во врска со тоа како животните ги разликуваат деталите. Дел од мозокот наречен паравентрикуларен таламус, или ПВТ, служи како еден вид на придружник, задолжен за тоа како мозокот ги идентификува и следи најистакнатите детали за ситуацијата.
Иако истражувањето засега е ограничено на глувците, резултатите еден ден можат да им помогнат на истражувачите подобро да разберат како учат луѓето или пак дури и како да се лекува зависност од дрога, изјавил Шиаке Чен, еден од истражувачите во проектот и асистент професор по биологија при Стенфорд.
Според Чен, резултатите се изненадувачки, делумно поради тоа што малкумина се сомневале дека таламусот може да игра улога во нешто што е толку софистицирано. “Ние покажавме дека клетките на талимите играат многу важна улога во следењето на бихејвиоралното значење на стимулите, нешто што никој досега не успеал да го направи“, додава Чен.
Во својата најосновна форма, учењето се сведува на повратни информации. На пример, ако имате главоболка и земате лек, очекувате дека тој ќе помогне да ја снема главоболката. Доколку сте во право, ќе го земете лекот и следниот пат кога ќе имате главоболка. Доколку не сте во право, ќе пробате нешто друго. Психолозите и невролозите го екстензивно го проучуваа овој аспект на учењето, па дури успејаа и да пронајдат специфични делови на мозокот, кои ги обработуваат повратните информации и го носат процесот на учењето.
Сепак, таа слика за учењето е нецелосна, вели Чен. Дури и во релативно прости лабораториски експерименти, а камоли кога станува збор за животот во реалниот свет, луѓето и другите животни треба да сознаат од што да учат – односно што во суштина е повратна информација, а што е бучава.